Додевска: Со масовна имунизација ќе се победи пандемијата (ВИДЕО)

Само со масовна имунизација ќе успееме да ја победиме пандемијата, а одговорноста е кај секој од нас, за себе и најблиски, посочи на денешната прес-конференција Марина Додевска од СДСМ. Таа истакна дека процесот на масовна имунизација против коронавирусот се одвива со добра динамика и темпото на вакцинација во Куманово и во државата расте од ден на ден, а системот функционира без големи потешкотии.

-Во нашата држава досега се вакцинирани над 119.000 граѓани од нив 21.890 примиле две дози вакцина против корона вирусот. Во кумановскиот регион се вакцинирани околу 8550 со синфарм вакцини и околу 1500 со фајзер и астра зенека. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, до сега се пријавиле 256.346 граѓани за вакцинација. Податоците дека за само еден ден се вакцинирани 13.725 граѓани и дека над 30 проценти од повозрасните граѓани ( над 70 години старост) примиле барем една доза, а од ден на ден оваа бројка интензивно расте, се доказ дека процесот на масовна имунизација на населението се спроведува одлично-посочи Додевска.

Од СДСМ апелираат до граѓаните да се вакцинираат, сите вакцини се безбедни и нема контра индикации. Владата и институциите велат, продолжуваат со вистинска грижа за граѓаните и нивното здравје.

Коментари

коментар(и)