До 31 јули годинава земјоделците можат да поднесуваат апликации за субвенции од Програмата за директни плаќања за 2024 година. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го продолжи рокот за аплицирање за субвенции за основните мерки за растително и сточарско производство за период од 1 месец за да излезе во пресрет на земјоделците кои до денес сѐ уште го немаат остварено своето право за поднесување на апликација за субвенции.
„Ги повикуваме сите земјоделци кои го немаат реализирано оваа право, доколку не можат сами да креираат апликации да се јават во Подрачните единици на МЗШВ каде од страна на вработените ќе им биде креирана и поднесена апликацијата или самостојно да си поднесат апликација за субвенции за 2024 година согласно Програмата и Уредбата за директни плаќања за 2024 година“, соопштуваат од МЗШВ.