Дром со работилница за мониторинг и анализа на процесот на ПВР

Претставници на јавни институции и невладини организации денеска присуствуваа на работилница од проектот ПВР од сенка врз регулативата од сферата на социјална заштита, која ја организира Центарот за ромска заедница Дром во соработка со Институтот за демократија Социетас Цивилис и Центарот за економска анализа.

Проектот претставува иницијатива за заедничко комуницирање и делување за креирање јавни политики и учество во проценка на влијанието на регулативата, со цел подобрување на предлог законите.

-Проектот се реализира во текот на цела 2018-та година имаше претходен дел каде се изврши испитување во Североисточниот плански регион, беа анкетирани претставници на институции од сферата на социјална заштита како и невладини организации. Од самата анкета произлезе анализа која ја изработивме во рамките на проектот која ни укажува до кој степен самите инситуции на локално ниво се вклучени во самиот процес и колку се запознаени со ПВР исто така и за невладините. Анализата ќе биде готова до крајот месецов и на јавниот настан кој е планиран за крајот на месецов ќе бидат презентирани резултатите и препораките кои ги добивме со самата анализа-истакна координаторот на проектот Денис Илијевски.

Дром утре ќе одржи работилница за мониторинг и анализа на процесот на ПВР и во Крива Паланка.

Коментари

коментар(и)