Еден новозаболен од ковид 19 од Куманово

Во последните 24 часа се направени 2.866 тестирања, а регистрирани се 26 нови случаи на КОВИД-19, информира министерството за здравство.

Од нив од  Скопје  се 13 , Тетово – 5, Гостивар – 3, Кичево – 2 и Куманово, Прилеп и Штип – по 1. Регистрирани сe 8 оздравени пациенти од: Струмица – 3, Куманово и Тетово – по 2 и Скопје – 1.

Не се регистрирани починати пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 920.045 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.866, бројката на оздравени пациенти е 150.154, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 225.

Коментари

коментар(и)