Емил Ташевски поднесе кандидатура за претседател на ОО СДСМ Куманово

Емил Ташевски, дипломиран инженер по информатика, вработен во Општина Куманово, поднесе кандидатура за нов претседател на општинската организација на СДСМ Куманово. Веста за кандидатурата ја објави на својот профил на „Фејсбук“. Наведе дека социјалдемократските вредноси ги практикува уште од најмлади години. Нагласува и дека поминал низ сите сегменти на партиското делување од младинските организации, до највисоките структури во ОО СДСМ Куманово.

Мојата програма е втемелена на неколку начела и вредности: Другарство, Еднаквост и Единство, Транспарентност, Хуманост и Дигитализација. Ќе се борам за враќање на вистинските вредности, ќе ги промовирам основните социјалдемократски вредности кои ги запоставивме. СЛОБОДА која значи вистинска слобода, слобода од дискриминација, слобода од експлоатација, ЕДНАКВОСТ која вклучува не само еднаквост пред закон туку и економска и социо-културна еднаквост и СОЛИДАРНОСТ која подразбира и застанување на страната на жртвите на неправдата и нееднаквоста-напиша тој.

 

Коментари

коментар(и)