„Е-фактура“ е проект со кој УЈП ќе прави модернизација на процесот на факутрирање за компаниите и бизнисите и со кој ќе се бори против сивата економија со намалување на бројот на фиктивни фактури. Ова го најави директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
„Идната година започнуваме со имплементација на проектот за ‘е-фактура’. Со оваа фактура ќе се намали можноста за фиктивни фактури и ќе овозможиме дигитализација за компаниите при доставувањето, приемот и обработка бидејќи се ќе оди електронски“ рече Лукаревска.
Таа кажа дека во понеделник претставници од УЈП ќе одат во Србија, каде што од тамошната даночна управа ќе ги слушнат искуствата од нивното имплементирање на овој проект, бидејќи таму веќе носи резултати.