Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ општински комитет Куманово заедно со Комисијата за труд и социјална политика во рамки на 16 дена активизам против родово базирано насилство утревечер во 19 часот во Занаетчиски дом Куманово организира трибина на тема ,,Кажи не, на насилство врз жени и семејното насилство.“
На трибината ќе се обратат, Жаклина Пешевска, претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, генерален секретар на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. д-р Лазар Јовевски, Правен факултет “„Јустинијан Први” и Елена Димушевска, извршен директор на Национална мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.