Во Секторот за внатрешни работи Куманово вчера било пријавено дека во куќа во населбата Перо Чичо, извршувајќи градежни работи на кровот од куќата, паднал М.К.(51 години) од село Облавце, општина Старо Нагоричане и починал на местото. Извршен бил увид, а од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт, информира полицијата. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.
Жител на Старо Нагоричане паднал од кров на куќа и починал
