Ракометарките на Куманово забележаа два порази од Макаби Аразим Раматган од Израел во рамките на Европскиот куп. По првите 30 минути резултатот беше 21-13 што дефинитивно беше најава за негативниот резултат на избраничките на Ристова, негатива која само продолжи да расте во вториот дел за конечни на крајот 43-23. Пораз кумановки претрпеа и во првиот натпревар, кој исто така се играше во Израел, кога со 26:25 триумфот го однесоа домаќините. Со двата порази ракометарките на Куманово не го продолжуваат својот настап во Европскиот куп и останува целата енергија да ја вложат во домашните натпреварувања.