На 06, 07 и 08 ноември 2017 година, Асоцијација на жените претприемачи “Уникум-кос” – Куманово и Здружението “Вива ПАУТАЛИА” – Ќустендил одржаа прекугранична работилница за консолидирање на Мрежата на жени-претприемачи FEMTERPRISE. Настанот имаше за цел да ја претстави пред ментори, потенцијални инвеститори и заинтересирани страни од Бугарија и Македонија создадените во рамките на проектот “FEMTERPRISE – Поттикнување на создавање на социјални претпријатија преку зајакнување на претприемачкиот потенцијал на младите жени” 6 концепти за социјални претпријатија. Специјалното прекугранично жири едногласно го изгласа концептот – победник на натпреварот FEMTERPRISE. Победничкиот тим – “Ресторан за здрава храна Robin Food” ќе добие дополнителна поддршка за реализирање на идејата во реално постоечко социјално претпријатие. За време на работилницата учесниците дискутираа за идеите за обезбедување одржливост и мултипликација на мрежата. Главната цел на проектот FEMTERPRISE е да се подобрат условите за бизнис развој во прекуграничниот регион преку примена на иновативен неформален пристап кон зајакнување на претприемачкиот капацитет на жени-претприемачи на возраст 18-29 години и стимулирање на создавањето на социјални претпријатија. Вкупниот буџет на проектот е 110 217.35 евра, од кои 93 684.73 евра се придонес на ЕУ преку фондовите на ИПА, 9 559.87 евра се национално кофинансирање на Република Бугарија и 6 972.75 евра се национално кофинансирање на Република Македонија. Крајниот рок за имплементација на проектот е 15 месеци. Во рамките на проектот беше создадена платформа за промовирање на женското претприемништво www.femterprise.com која претставува онлајн изразот на создадената во рамките на проектот FEMTERPRISE прекугранична мрежа на жените претприемачи. Мрежата има за цел да им овозможи на жените претприемачи и социјални претприемачи од Бугарија и Македонија да се поврзат со ментори и потенцијални инвеститори за да создадат заемно деловни односи. Можете да ја направите вашата регистрација како претприемач, ментор или инвеститор во платформата FEMTERPRISE на http://femterprise.com/bp/register/.
Проектот FEMTERPRISE е ко-финансиран од Европската унија преку Програмата Интерег-ИПА за прекугранична соработка Бугарија-Македонија
Проектот е кофинансиран од ЕУ, преку програмата за прекугранична соработка ИПА Интерег (Interreg-IPA CBC Bulgaria–the forme Yugoslav Republic of Macedonia Programme)