Заев: Кога ќе тргнете против СДСМ, не може да бидете член на СДСМ

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев денеска ја појаснил одлуката на партијата да го исклучи градоначалникот Максим Димитриевски.

– Кога ќе тргнете против СДСМ, кога ќе се спротивставите на СДСМ, не може да бидете член на СДСМ. Во Куманово ќе победи тој што 30 години победува, а тоа е Социјалдемократскиот сојуз, изјавил Заев.

Според лидерот на СДСМ,  „одлуката на Димитриевски да не ја дочека одлуката на СДСМ, туку преурането да оди како независен кандидат“ придонела за ваквата одлука на партијата.

Според сознанијата на редакцијата на ТВ Плус се очекува реакција од градоначалникот Максим Димитриевски во врска со изјавата на Заев.

Коментари

коментар(и)