Заев: Лицата кои ќе дојдат од Авганистан  во земјава ќе имаат статус на времен престој од 90 дена

Лицата кои ќе дојдат од Авганистан  во земјава ќе имаат статус на времен престој, од 90 дена со издавање виза за времен престој. Како што кажа премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција на сите бегалци ќе им биде издадена виза за времен престој.

„Ние по глава на жител ќе примиме повеќе хуманитарци, активисти за човекови права, вработени во невладини организации за човекови права и новинари, најверојатно затоа што имаме поголемо срце од сите други, затоа што имаме поголема хуманост од сите други. Затоа што нашиот регион поминал низ трауми во изминатиов период поблиску од другите земји, па знае колку е важна помошта и кога има кој да ти помогне“, рече Заев.

Премиерот кажа дека сите трошоци за престојот на бегалците ќе ги покријат соодветните организации и Соединетите Американски Држави. Земјава ќе им направи на сите бесплатни ПЦР тестови и ќе обезбеди вакцина за невакцинираните.

Коментари

коментар(и)