Дневен билтен на Секторот за внатрешни работи Куманово
На 15.10.2026 во 15:30 часот во СВР Куманово, Ѓ.Р.(41) од Куманово пријавила дека околу 22:00 часот во нас.Перо Чичо во Куманово, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од малолетник, кој притоа со мобилен телефон ја удирал по лицето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.10.2026 во 15:17 часот во ОВР Крива Паланка, од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив со повреди е донесен З.С.(51) од Крива Паланка. Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во рудник во Крива Паланка. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
На 15.10.2026 во 14:15 часот во СВР Куманово, 44-годишен кумановец пријави дека околу 11:30 часот на ул.„Средорек“ во Куманово, бил физички нападнат од две лица кои употребиле и тврди предмети. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 15.10.2026 во СВР Куманово е пријавено дека околу 22:25 часот на ул.„Вараждинска“ во Куманово, работна машина багер, управуван од В.А.(62) од Куманово, излетал од патот и удрил во ограда од двор, сопственост на Ж.М. од Куманово. Во незгодата нема повредени лица, а увид извршила екипа од СВР Куманово.