На малата сцена во Центарот за култура в понеделник во 18 часот ќе биде изведена претставата за деца „Црвенкапа“ во режија на Бојана Краљевска Стојков.
„Црвенкапа“ е добро познатата приказна за девојчето со црвена наметка кое оди во шумата да ја посети баба си, но овојпат раскажана на еден поинаков начин – преку учење и патување во светот на театарот и приказните.
Во претставата играат: Александра Михајловска Величковски, Никица Јанковски, Давид Илиќ, Владанка Крстевски и Анастасија Трајковиќ.