Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, ја посети Подрачната единица на Министерството во Куманово, каде што оствари средби со вработените и со земјоделци од регионот, соопштија од ресорното министерство.
Според соопштението, во рамки на посетата биле доделени и картички за зелена нафта, преку мерка 10 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година. За подрачјето што го покрива Подрачната единица Куманово, во кое спаѓаат и општините Липково и Старо Нагоричане, предвидени се вкупно 3.641 картичка, со вкупна вредност од 33.227.969 денари.
„Свесни сме дека трошоците во земјоделството се високи, затоа преку мерката зелена нафта настојуваме да им олесниме дел од производствените трошоци на нашите земјоделци. Им благодарам за нивниот секојдневен труд и посветеност, бидејќи домашното производство се темели токму на нивната работа“, истакна Хоџа, се наведува во сопштението на Министерстото за земјоделство.