Започна бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи граѓани на ниво на државата.
Од утринава се вакцинираат и граѓаните на Куманово, откако во петокот 2.000 вакцини пристигнале во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ).
Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.
Центарот за јавно здравје има набавено и 200 дози комерцијална вакцина против сезонски грип, односно за лицата кои не се опфатени во категориите што имаат право да се вакцинираат бесплатно.