Еден ден по празнувањето на Прочка, христијанските верници започнуваат со големиот Велигденски пост. Постот започнува на денот познат како чист понеделник, а ќе трае до 12 април, Велигден. Севкупно Велигденскиот пост ги опфаќа Четириесетницата и Страстната седмица.
Според традицијата и обичаите, за време на целиот велигденски пост, правило е од понеделник до петок во храната да нема ни масло (се пости на вода), а во сабота и недела е дозволена употреба на масло.
Употребата на масло е дозволена и во деновите кога се паѓа голем празник.
Рибата е дозволена да се јаде само на Цветници.