Во просториите на Црвен крст Куманово деновиве се организираше мотивациска работилница за крводарители.
„Членовите на Извидничкиот одред „Скаут“ имаа можност да научат повеќе за процесот на дарување крв, критериумите за тоа кој може да биде крводарител, личните бенефиции и значењето на крводарителството. Работилницата беше одржана од страна на Илина Станковиќ – обучен мотиватор за крводарителство“, соопштија од Црвен крст Куманово.
Инаку, утре во периодот од 10 до 15 часот, во просториите на Црвен крст Куманово ќе се одржи крводарителска акција.
Да ја покажеме нашата хуманост и да придонесеме за зголемување на резервните крвни единици во земјава.