Засилена контрола на мотоцикли, санкционирани 20 возачи

По спроведена засилена акциска контрола на територијата на СВР Куманово за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, санкционирани се 20 возачи. Од нив, 11 не користеле заштитна кацига, три управувале мотоцикл без положен возачки испит, односно без возачка дозвола, двајца мотоциклисти биле санкционирани за измината важност на сообраќајната дозвола, една  мерка за управување на нерегистриран мотоцикл, информира полицијата.

При акциската контрола констатирани и соодветно санкционирани се и други видови прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од полицијата.

Коментари

коментар(и)