Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 626 возачи. Од нив 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 320 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 306 надвор од населено место, информира полицијата.
За еден ден во земјава санкционирани над 600 возачи
