Граѓанската иницијатива„ За наше Куманово“ обвини дека кандидат за советник до СДСМ, Момир Петрушевски, вчера на сила и одзел пропаганден материјал од раце на нивната кандидатка за советничка, Христина Алексовска. Случајот велат го пријавиле во МВР.
-Во изборна кампања, советник од тимот на Оливер Илиевски брутално се пресметува со жена, која е негов против кандидат! На овој начин ли се загаламе за еднакви можности на мажите и жените во политиката? Ова ли е начинот на кој сакате да победите на изборите!? Дали според вас ова е демократски чекор? Застрашувачки е сè што правите во изминатиот период! Насилството беше одлика во минатите години, кога поединци од власта се
пресметуваа со противниците исклучиво преку омаловажувања, физички пресметки, местенки! Вие оваа лекција сè уште ја немате научено!Целиот изминат период се обидувате врз база на дезинформации, лажни
обвинувања, црна пропаганда и местенки да победите во Куманово. Ама граѓаните се изјаснија во кого имаат доверба и вашите погубни политики од 19-ти век ги казнија-посочи Николај Павловски, портпарол на граѓанска иницијатива „За наше Куманово“.
