Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се намалува за 3 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на овој енергенс ќе биде 90,50 денари за литар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ и на Мазутот не се менуваат.
