За 1,7 отсто намален бројот на запишани студенти

Во академската 2020/2021 година се запишале вкупно 50 881 студент, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Ова претставува намалување за 1.7 % во однос на академската 2019/2020 година.

Прва година на студии запишале 12 365 студенти или 24.3 %. Овде се опфатени и студентите што запишуваат прва година по втор, трет и повеќепати, посочуваат од ДЗС.

Нивните податоци велат дека најголем број студенти (83.8 %) се запишани на државните високообразовни установи, додека 15.5 % се запишани на приватните високообразовни установи. Бројот на запишани студентки, пак, изнесува 29 482 или 57.9 %.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)