Зголемени водостоите на реките

Врнежите кои паднаа во изминатите 24 часа предизвика зголемување на водостоите на реките, особено на тие во западниот дел на земјата. Значително висок водостој е регистриран на река Вардар во горниот дел од своето течение, на Треска, Кумановска, Голема, Сатеска и на Радика. Во текот на денот се очекува и понатаму да бидат високи водостоите во овие сливни подрачја, за кон крајот на денот да има нивна постепена стагнација и постепено намалување. Од управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците во западниот дел на земјата.

Коментари

коментар(и)