Интересот за дуалните паралелки од година в година се зголемува, а засега најбараните профили од работодавците се трговски работници, градежни инженери, гипсери, фасадери, истакна раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ на денешниот настан – Социјален дијалог во рамките на проектот „Учи паметно, работи стручно“.
На средбата присуствуваа директори и наставници од средни училишта, претставници на Бирото за развој на образование, Државен просветен инспекторат, приватен сектор, ЛЕР и ЛЕСС.
На работната средба беше презентирана анализа на пазарот за потреба од кадри во компаниите и нивна подготвеност за практична обука на ученици на локално ниво од страна на раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ. Во рамките на оваа анализа одржан е состанок со директори на училиштата во врска со предлози, сугестии и договор за текот на активностите. Во соработка со МОН креиран е прашалник со намена за овозможување прецизна слика за искористување на можноста за практична обука на средношколци од страна на компаниите, со успешно извршена обработка и анализа на добиените податоци.
Кампањата „Учи паметно, работи стручно“ има цел да ја подигне јавната свест за средното стручно образование, да едуцира и информира за неговата важност за националната економија преку унапредување и усогласување на понудата и побарувачката на пазарот на труд.