Здравствен дом со полни раце работа

Итната медицинска помош, Домашна посета и дежурната служба во Здравствен дом Куманово од почетокот на коронакризата секојдневно бележат речиси двојно повеќе повици од пациентите и интервенции на терен. „Дел од нив се со симптоми на вирусот ковид 19, но се интервенира и кај пациентите со останати заболувања“, информира Катерина Ивановска, лекар по општа медицина во Итна медицинска помош.

-Ориентационо околу 20 повици дневно со транспорт и до Инфективно, но исто така мора да ги спомнам и транспортите зашто ние носиме пациенти од Инфективно одделение до Инфективна клиника Скопје, до ГОБ „08 септември“,  а сега почнавме и до приватните болници „Филип втори“ и Систина, значи 20- 25 интервенции, а ние сме само две екипи дневно кои работиме . Ако во моментот немаме екипа ги советуваме прво дали ќе можат сами ако не се во изолација да го транспортираат пациентот или пак да се консултира матичен лекар и потоа со упат од него да се пренесе пациентот, а ние имаме и екипа на повик, можеме да викаме екипа и од надвор да дојде и да го пренесе пациентот до каде што треба, изјави д-р Катерина Ивановска , лекар по општа медицина во Итна медицинска помош

-Во овој период кога има голема трансмисија на вирусот апелирам како лекар, како сопруга, како мајка граѓаните нон стоп да носат заштитна маска кога ќе излезат надвор, по враќање дома често миење на раце и најважно да се држи дистанца, да не се групираат особено младите, да нема групирање во домашни услови, само со најблиските да се биде за празниците и славите , изјави д-р Катерина Ивановска, лекар по општа медицина

Службата за домашна посета која е добро кадровски екипирана постојано е на терен, а бројот на интервенциите достигнува и до 130 домашни посети дневно, вели главната медицинска сестра Марина Додевска.

– Пријавувањето се врши од 08 до 09 часот изутрина и од 14 до 15 попладне, така што притисокот е голем и нашите вработени го чувствуваат тоа затоа што работат во исклучително тешки услови со скафандери во комплет лична заштитна опрема. Тоа изискува време и тоа значи дека цело време се на терен. Паузи за нив не постојат, кога ќе се вратат од терен, тогаш. Многу мал простор им останува за нивни лични потреби. Со оглед на тоа што во болниците капацитетите се веќе полни, сиот товар паѓа врз домашното лекување. Тоа значи дека сите тие пациенти се со полесна клиничка слика, затоа што средно тешките и тешките пациенти се хоспитализираат во инфективното одделение. Дежурната служба исто така бележи зголемен број на прегледи со оглед на тоа што работи во вечерните часови, за викенди и за празници кога матичните се слободни. Се снаоѓаме во сите овие услови, нашиот персонал дава големи напори затоа што се со долгогодишно работно искуство, сите се професионални, лекарите, сестрите, возачите, изјави Марина Додевска.

Здравствените работници апелираат – граѓаните целосно да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на коронавирусот.

-Апел од наша страна, од менаџерскиот тим пациентите да покажат трпение и да бидат внимателно во сите барања што ги поставуваат, дали ќе се јават на 194, дали ќе дојдат да пријават посета во домашни услови, домашно лекување, да ги слушаат сите препораки и совети што им ги даваат лекарите и медицинскиот персонал од наша страна, рече Додевска

– Во овој период кога има голема трансмисија на вирусот апелирам како лекар, како сопруга, како мајка граѓаните нон стоп да носат заштитна маска кога ќе излезат надвор, по враќање дома често миење на раце, и најважно да се држи дистанца, да не се групираат особено младите, да нема групирање во домашни услови, само со најблиските да се биде за празниците и славите , изјави д-р Катерина Ивановска, лекар по општа медицина

Иако кадровски добро е екипиран, Здравствен дом Куманово има потреба од обнова на возниот парк, бидејќи во моментов Итната медицинска помош располага со две санитетски возила кои се на терен 24-7, а се со постаро производство,  а лесните возила ги користи Домашна посета. И она што секогаш е добредојдено за болниците и здравствените домови во услови на пандемија се донациите во вид на скафандери, визири, заштитни маски и ракавици.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)