Здружението на ветерани го одбележа денот на излегувањето на партизаните

Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав, положи свежо цвеќе во бавчата на Денко Цеков, таткото на првоборецот Јордан Цеков Дане, место од каде се излезени седум партизани сметани како јадро на формирање на првиот кумановско-партизански одред.

На овој начин се одбележа 79-годишнината од излегувањето на првите кумановски партизани, борци од НОБ.

-Група од 11 кумановски партизани во утринските часови на 27-ми јуни, пристигнува во село Братоселце, источно од Прешево и се приклучува кон Црнотравскиот партизански одред. Истата вечер од бавчата на Ангел Тодоровски, излегува и групата предводена од Христијан Тодоровски Карпош, во која се наоѓаат и Ангел Лазаревски Шајче, Тоде Димковски Думба и Диме Домузлиски. Оваа група поаѓа кон Козјачијата, и пристигнува во Гулинце родното село на Ангел Шајче.

Коментари

коментар(и)