Изгласани се законските измени за линеарно зголемување на пензиите

Собранието ги усвои измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои што линеарно ќе се зголемат пензиите за 5.000 денари.

Со усвоените измени, ќе има линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари на 1 септември годинава и на 1 март следната година со цел, како што велат од Министерството за социјална политика, демографија и млади, обезбедување пораст на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот за пензионерите.