Изложба на Дејвид Стоилковски

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ утре со почеток во 19 часот, ќе се отвори изложба на слики населовена „Домашна атмосфера“ од авторот Дејвид Стоилковски. Се работи за негова најнова продукција од дваесеттина дела работена во периодот 2020-2022 и е негова прва самостојна изложба.

Дејвид Стоилковски, роден во Куманово 1997 година, живеe и работи во Куманово. Има дипломирано на Академијата за ликовни уметности во Скопје, отсек графика, а моментално е на магистерски студии по сликарство. Учесник е на повеќе групни изложби во Македонија и Хрватска. Коорганизатор и учесник на графити фестивали во Куманово а има сликано мурали како во градовите низ Македонија така и во Америка, Австрија, Црна Гора.

Изложбата ќе биде поставена до 18-ти мај.

Коментари

коментар(и)