ВИДЕО: Само 31 општина имаат локален совет за превенција

Проектот „Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Република Северна Македонија“, кој го спроведува Евротинк центар за европски стратегии, покажа дека само 31 општина во земјава имаат локален совет за превенција, а голем дел од нив функционираат само на хартија. Од оваа организација укажуваат дека во општините недостигаат вакви совети, кои ќе придонесат за решавање на проблемите од јавен ред и мир, криминал и сообраќај.

-Постои одредено задоволство со професионалноста, транспаретноста и отчетноста на работата на полицијата, но има и процент на незадоволство што се провејува низ сите плански региони во државата. Имаме шаренолик состав на локални совети за превенција, во државата 31 општина од 81 локална единица имаат локален локални совети за превенција, дел од нив се само на хартија, дел од нив се функционални и работат. Голем дел од општините имаат проблем со формирање и функцијата на овие локални совети за превенција, тоа е една од главните точки за кои денеска ќе збориме  и потребата од нивно воспостаување и редовно одржување на состаноци-истакна Александар Стојановски, Евротинк центар за европски стратегии.

Истржувањето покажало дека во североисточниот регион 15 проценти од граѓаните имаат доверба во полицијата, додека 50 отсто од граѓаните имаат недоверба. Неутрални се 31 процент, споредено со национално ниво, 25 проценти имаат доверба, 40 проценти немаат доверба.

-Степенот на професионалност е сличен, според погледите на жителите од овој регион, 45 до 50 проценти сметаат дека полицијата е професионална. Во поглед на транспарентноста 30 проценти сметаат дека полицијата е транспоретна наспроти 20 проценти на ниво на држава. Во поглед на ефикасност 25 проценти од граѓаните кои беа опфатени со истражувањето во севериочниот регион сметаат дека е ефикасна, слични се податоците и на ниво на држава. Препораките се однесуваат на медиумските работници, локалната самоуправа, полицијата, граѓанското општество и како секој од овие чинители може да придонесе за подобра соработка, комуникација како би можеле да се решат проблемите на локално ниво-дополни тој.

На јавната дискусија присуствуваа претставници на општината, граѓанското општество, СВР Куманово и медиуми. Проектот Евротинк го спроведува од јуни 2021 до јуни годинава. За целите на овој проект Евротинк склучи меморандум за соработка со Министерството за внатрешни. Истражувањето на јавно мислење на територија на земјава се спроведуваше преку телефонска анкета, фокус групи со граѓани од осумте плански региони, и структурирани интервјуа со полициски службеници. Наодите на проектот се фокусираат на три аспекти транспарентност, отчетност, инклузивност во носењето на одлуки при работата на полицијата. Проектот Центарот за европски стратегии со спроведува со поддршка на Националниот фонд за демократија на САД.

Коментари

коментар(и)