Изложба на слики од Ацо Таневски во „Трајко Прокопиев“ (ВИДЕО)

Се отвори изложбата на слики „Марини“ од авторот кој прв пат изложува во Куманово, а припаѓа на средната генерација ликовни уметници и кој во своето портфолио има остварено многу изложби и ликовни колонии. Неговиот основен концепт за изложбата „Марини“ е да ја претстави морската шир на централно место на платното, втемелен со основна боја што понатаму градира и апстрахира. Релацијата е повеќе од јасна во сликите на Таневски: деградирачкиот човек наспроти невиноста на природата.

Коментари

коментар(и)