Нетрпеливост помеѓу некогашниот и сегашниот претседател на Советот на Општина Куманово (ВИДЕО)

Расправата по првите две точки од дневниот ред на педесет и четвртата седница на Советот особено се разгоре по дискусијата на претседателката Атина Мургашанска која сметаше дека треба да се изготви заклучок за предлог одлука што ќе биде ставена на дневен ред на некоја од наредните седници за скромна финансиска награда од општината на сите кои градежниот шут ќе го исфрлаат самостојно на депонијата „Краста“, по поплаките од граѓаните дека истиот тој се исфрла во реката и на други места што не се за таа намена.

После оваа бурна процедурална забелешка, советниците од опозицијата ја напуштија седницата, што иако со само седум точки, се оддолжи цел ден со многу прекини, несогласувања и неодобрување меѓу граѓаните на Куманово.

Коментари

коментар(и)