Изложба на слики „Поврзување“ со дела на Марјан Ѕингаров, Свилен Стефанов и Иво Пецов

Како дел од проектот „Поврзување“ на КИЦ на РСМ во Софија, со почеток од 19:00 часот, на 25 јуни 2021 (петок) во Изложбениот салон на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложбата на тројца автори: Марјан Ѕингаров, Свилен Стефанов и Иво Пецов. Изложбата се состои од над 30 сликарски дела во различни формати и техники. Поголем дел од сликите беа претставени во КИЦ на РСМ во Софија минатата 2020 година, како посебни самостојни изложби од авторите. Оваа изложба ги обединува ликовните дела на авторите кои се од РС Македонија, но кои живеат и работат во Бугарија, тоа се Марјан Ѕингаров (Струмица) и Иво Пецов (Виница), и делата на Свилен Стефанов од Софија, Бугарија.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)