Спасовски: Од понеделник нормално ќе се издаваат лични документи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на новинарско прашање поврзано со застојот во МВР со издавањето на лични документи и патни исправи, вели дека од понеделник ќе се започне со нормално функционирање. Како причина за застојот со издавањето на документи ја наведе големата побарувачка поради ковид кризата.

-Лични документи се издаваат и сега, едноставно имаше само зголемен обем на побарувачка поради ковид кризата. Многу од луѓето не виделе дека им истекуваат личните документи и патните исправи. Имаме најава дека од денеска од 21 часот ќе имаме миграција на податоци во новиот систем за издавање на документи, тоа е процедура која мораме да ја завршиме, бидејќи на тоа не обврзуваат и Законите и Устваот. Од понеделник започнуваме со нормално функционирање, застој ќе биде четврток, петок и викендот што следи. Апелирам за трпение кај граѓаните, ние го променивме и законот. Од први јули ќе можат сите кои им истекле патните исправи и личните документи ќе продолжат да важат до крајот на годината, истакна Спасовски.

Коментари

коментар(и)