Илиевски: Димитриевски и на општината ќе ги затемни стаклата

„Димитриевски и на општината ќе ги затемни стаклата, нема да дозволиме! Шерифот Максим Димитриевски, како во досегашното владење со дивите градби и корупцијата, работата за неговите бизниси, тој денеска докажа дека вози на „диво” и кола со затемнати стакла.
МВР спроведува сообраќајни контроли, а јас би го прашал, зошто Димитриевски со затемнети стакла?
Дали е таа истата кола каде што твоите соработници купуваа гласови по 500 денари, па затемниле стакла за да бидат по “сигурни” во купопродажните зделки на гласови? Дали е таа иста кола која ги тера и вози вработените на општината со сила и уцени да гласат за вас-праша на Фејсбук, Оливер Илиевски, кандидатот на СДСМ.

Коментари

коментар(и)