Илиевски положи свежо цвеќе на споменик Костурница

Денеска по повод 11-ти октомври- 80 годишнина од Народното востание и борба против фашизмот, кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата заедно со општинското раководство на СДСМ Куманово положи свежо цвеќе на споменик Костурница во знак на помен на паднатите борци, хероите кои се бореа за независна и суверена македонска држава.

Тој на својот facebooк профил упати честитка по повод празникот 11-ти Октомври каде истакна дека како членови на НАТО алијансата, со јасна европска перспектива, имаме одговорност да се спротивставиме на дискриминацијата, на расизмот и на било каква поделба на македонскиот народ. И денес, после 80 години, македонскиот пат е прогресивен, демократски и европски.

„80 години за човекови права. 80 години за сувереноста и независноста на татковината, оти една нѝ е, да си ја чуваме. Слобода секогаш, режим никогаш!

Нека нѝ е честит и вековит 11-ти октомври – 80 години антифашизам!“- стои во честитката.

Коментари

коментар(и)