Илиевски на отворањето на велосипедската трка Трофеј „11 Октомври“

По одбележувањето на 11 Октомври- Денот на народното востание, на Спомен Костурница, денеска  кандидатот за градоначалник Оливер Илиевски присуствуваше на отварањето на традиционаланата велосипедска трка Трофеј- „11 Октомври“.

„Чест и задоволство е заедно со министерот Оливер Спасовски, заменик министерот Трајан Димовски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски да присуствуваме на отворањето на традиционалната велосипедска трка по повод празникот 11 Октомври, а во организација на велосипедскиот клуб Вело-М, Општинскиот сојуз на спортови Куманово и Велосипедската федерација на Македонија .“- рече Илиевски.

Илиевски истакна дека ваквите традиционални натпревари треба да ги негуваме и да ги поттикнуваме младите да спортуваат.

Коментари

коментар(и)