„Низ историјата Македонија помина низ многу крстопати и во клучните моменти секогаш избираше иднина“, истакна на денешната прес-конференција советникот од СДСМ, Томица Илиќ. Тој нагласи дека државата се гордее со Илинден, АСНОМ, рефендумот од 1991 година.
-Како најважни историски моменти од борбата на нашата независност и државност, избравме самостојност, мир и стабилност. Избравме да бидеме дел од демократскиот свет, за да создадеме можност за подобар живот за нашите деца. Како резултат на тоа, денес сме горди граѓани и државата која е на вистинскиот пат. Развојот на Македонија можеме да го постигнеме само со влегување во сојуз со големите светски сили, како рамноправна членка-нагласи тој.
Според него светските сили денес даваат поддршка на нашата држава и сакаат да ја видат Македонија рамноправна со право на глас во семејството на западните балкански држави.
-Оваа поддршка е признание за нашата посветена работа, повеќе од две децении. Како за пример, вчера во посета ни беше генералниот секретар на Нато алијансата, денеска во посета ни е канцеларот на Австрија, а посета најави и канцеларката на Германија. Светот ја препозна промената и ни даде шанса како никогаш досега. Сега треба ние да го направиме следниот чекор, време е за нова правилна одлука-потенцираше тој.
На 30-ти септември да излеземе заедно за нашата иднина, да се сплотиме, заедно за европска Македонија, заврши Илиќ.