Интегра: Да се повлечеме од примена на Преспанскиот договор и преговорите со Бугарија

Универзитетскиот професор ЉупчоРистовски, смета дека неповолниот расплет на интеграциските ЕУ-процеси во ова фаза се потенцијална опасност за јакнење на внатрешните екстремизми во општеството, особено на линија со албанскиот политички латентен екстремизам. Во ваквиот евроинтеграциски вакуум, Ристовски смета дека Македонија ќе мора да се сврти самата кон себе си и да отвори нови процеси што ќе поттикнат нова творечка енергија кај нацијата за брзо потезно санирање на економските процеси, кои се во сериозно назадување.

Тој препорачува дека ваквата ситуација е можно да се пресретне со оставка на актуелната влада и формирање т.н. натпартиската тковинска влада за национален спас, со политичка поддршка од македонскиот блок-партии, со мандат една година до една и полгодина да го подготви системот на доверлива основа за нови предвремени парламентарни избори. Според него, постои начин како да се откочат процесите и да се изнедрат внатрешните потенцијали на државата и нацијата, секако, со поддршка и на меѓу народни пријатели, надвор од ЕУ, а се од западна просперитетна провениенција.

– Веќе подолго време предупредувам дека се сериозно погубнит.н. апизмент- политики на наведната глава и свиена кичма со силна доза комплекси на пониска вредност во однос на другите нации и држави, и дека истите тие „хранат крокодили, надевајќи се дека на последни ќе нѐ изедат“ (Черчил). Сега се потврдува резултатот и во случајот со бугарскиот екстремизам на официјална Софија. Во оваа фаза веќе станува збор за фашизам и отворен национал шовинизам со силна доза и редентизамполинија на санстефанска Бугарија. Оттука, единствено логичен заклучок, и според теоријата за решавање на конфликти и според потврдените емпириски практики во политичките науки на светско ниво, е Македонија еднострано и резолутно да се повлече од спогодбата и разговорите со Бугарија, да ја пoвика Европската Унија да го преиспита и промени моделот на консензуален процес на пристапување кон преговори и членство. Јас би одел и чекор понатаму, би советувал државата да се повлече еднострано и резолутно од примената и на Преспанскиот договор со Грција за внатрешна употреба веднаш, а поради неисполнување на базичните обврски на другата страна, во случајов Грција, и нератификување на протоколите со кои Преспанската спогодба ќе се стави во функција и за Грција во нивна внатрешна употреба. На тој начин ќе импратиме силен сигнал на ЕУ и на меѓународниот фактор.

Ценам дека ваков радикален пресврт ќе ја намали внатрешната тензија во општеството, ќе придонесе за релативизација на надворешниот притисок врз македонските идентитетски одредници и ќе придонесе кон национално помирување и внатре македонско национално единство. Но и ќе го поврати авторитетот на Македонија на меѓународен план, а ќе ги врати и националната гордост и достоинство кај македонскиот народ, кој е базичниот политички суверен на овие македонски простори, секако во партнерство и со албанската етничка заедница и преостанатите малцински етнички групи.

Потребна е нова политичка сила на власт. Освен ИНТЕГРА нема друга партија која сака, знае, умее и има храброст да го изведе државнички, рисетот на македонското општество,– вели професорот Љупчо Ристовски.

Интегрално соопштение од Интегра!

Коментари

коментар(и)