Институтот за јавно здравје информира дека заклучно до 8 август, во земјава се регистрирани 58 случаи на западнонилска треска, од кои 54 се потврдени, а четири се водат како веројатни. Починати досега се осум лица.
Од вкупно заболените лица, повеќето се мажи.
Според место на живеење на заболените, 55 случаи се од Скопје, а по еден случај е од Велес, Куманово и Свети Николе.