Карванот за имунизација утре во Куманово

Мобилни екипи на лекари и медицински персонал утре на градскиот плоштад во Куманово, а во понеделник во село Матејче, ќе ги имунизираат граѓаните против ковид 19.

Кумановци ќе можат да се имунизираат од 11 до 15 часот на плоштадот, додека жителите на Липково ќе се вакцинираат на паркингот во Матејче од 12 до 16 часот.

Акцијата е во рамки на карванот кој го организира Министерството за здравство. Целта е да се промовира вакцината против вирусот како начин на сигурна имунизација. Паралелно продолжува и вакцинацијата во Здравствените домови.

Коментари

коментар(и)