(ВИДЕО) Квиз натпревар за училишни сообраќајни единици

Отсекот за превенција при СВР Куманово, заедно со општинскиот совет за безбедност во сообраќајот организираа квиз натпревар за училишни сообраќајни единици. На натпреварувањето учествуваа ученици од 11 училишта. Ваквите сообраќајни единици во Куманово се формирани во 2018-та година. Целта е подигање на свеста кај младите за безбедно учество во сообраќајот.

-Секоја година на различен начин организираме вакви натпревари, оваа година се одлучивме нешто во форма на квиз натпревар за кој ќе има екипно најдобри тимови и поединечно најдобри член од секоја сообраќајна единица која се натпреварува денеска. Ќе бидат рангирани соодветно со поените, сите ќе добијат награди, а првите три места дипломи-истакна Виолета Богдановска, Отсек за превенција СВР Куманово.

-Досега учениците покажаа солиден интерес и знаење, останува уште половина од финалниот натпревар за утврдиме кој од учениците, односно 11 училишта кој финалист ќе стигне до највисоките три места во рангирањето –посочи Бојан Петковски, секретар ОСЗСП Куманово.

На натпреварот учествуваа ученици од основните училишта од градот.

Коментари

коментар(и)