Занаетчиската Комора на Македонија е загрижена поради фактот што пакетот мерки доцни со имплементацијата, сепак се работи за опстанок на многу занаетчии во нашата држава. Помеѓу барањата на комората се наоѓа и еднократна помош за сите занаетчии бидејќи минималните плати не достасувале за плаќање на сите режиски трошоци во време на пандемската криза. Првиот човек на оваа комора, Агрон Фазли, ги објаснува и другите потреби на занаетчиите додека нестрпливо ги очекуваат мерките од Владата.