Користењето кациги е важно за учесниците во сообраќајот

Волонтерите од екипата по Прва помош при општинската организација на Црвен крст Куманово учествуваа на традиционалниот настан организиран во соработка со СВР Куманово и MK Bears Macedonia, за подигање на свеста за безбедноста и важноста од користење на кацига на учесниците во сообраќајот.

Настанот се одржа на катната гаража, а волонтерите од екипата по прва помош одржаа симулациска вежба за укажување прва помош на повреден мотоциклист во сообраќајна незгода.

Коментари

коментар(и)