Секторот за внатрешни работи поднесе кривична пријава против граѓанин на Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство’’, информира МВР.
Според пријавата, на втори јанури годинава во депото на пајак службата во Куманово, пријавениот агресивно се однесувал и се обидел физички да го нападне вработениот.