Триесет и деветгодишен кумановец бил притворен бидејќи на улицата „Илинденска“ нападнал лице, вработено во јавно претпријатие кое во тоа време извршувало службени дејствија, информира полицијата.
Според пријавата, околу 15 и 20 часот, бил лишен од слобода Ј.К (39 години), бидејќи на улицата „Илинденска“ во Куманово физички го нападнал Д.Ј.(38 години) од Куманово, вработен во Јавно претпријатие, кој во тоа време извршувал службени дејствија. Ј.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.