Дваесет и деветгодишен кумановец бил приведен под сомнение дека извршил тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, информира Министерството за внатрешни работи.
Имено, вчера околу 18: 30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода Н.С. (29 години) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, стои во извештајот на полицијата.
Како што појаснуваат оттаму, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.