Кумановец бил приведен викендов во казино бидејќи се однесувал недолично кон полициски службеници.
Според МВР, на петти март во 03.00 часот во казино во Куманово, полициски службеници привеле 32-годишен жител на село Сопот, кумановско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.