Кумановец со нож ѝ се заканувал на вонбрачната сопруга

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.И.(34) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 20 мај годинава поради нарушени семејни односи, со закана со нож, пријавениот и упатувал сериозни закани на неговата вонбрачна сопруга. Во одделен случај, дваесет и осумгодишен кумановец бил приведен по пријава дека вчера физички ја нападнал својата невенчана сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.Како што посочуваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Во денешниот полициски билтен е регистриран и случај на приведени три лица бидејќи физички нападнале 29-годишен кумановец . Меѓу приведените, има и малолетник. Според СВР Куманово, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.