Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека на 28 декември годинава во 00.15 часoт, полициски службеници го лишиле од слобода 43-годишниот кумановец З.М. затоа што физички ја нападнал својата мајка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.